еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кина го пријави првиот случај на птичји грип Х3Н8 кај луѓе

Кина го откри првиот случај на птичји грип Х3Н8 (H3N8) кај луѓе, но ризикот од ширење на болеста на други луѓе е низок, соопшти кинеската Национална здравствена комисија.

Варијанта на вирусот е потврдена кај четиригодишно момче од централната провинција Хенан, кое развило треска и други симптоми на 5 април, соопшти Комисијата во вторникот.

Детето дома било во контакт со кокошки и гаврани. Варијантата Х3Н8 е честа кај коњите и кучињата, па дури е потврдена и кај фоките.

Вирусот е одговорен за пандемијата на грип во 1889 година, позната како руски грип. Минатата година Кина го пријави првиот случај на човечка инфекција со вирусот Х10Н3.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втор ден од изборите: Гласаат болните, немоќните и затворениците, најмногу пријавени од Кичево и Прилеп

Редакција

На располагање 1.000 болнички кревети за пациенти болни од корона вирусот

Редакција

Заев: Не поседувам ниту сум видел докази за инволвираност на Вељаноски во „Монструм“

Редакција