Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Кина по повеќемесечна пауза ја замени Бугарија на листата на топ пет најголеми трговски партнери на земјава.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува 2,9 милијарди евра и бележи пад од 20.2 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 милијарди евра, што е за 16.0 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ јули 2020 година, изнесува околу милијарда евра.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица.