еМагазин
Image default
Македонија

Клиниките се подготвуваат за прием на редовните пациенти од следната недела

Од следната недела најверојатно ќе бидат во функција клиниките за да можат да ги примаат редовните пациенти, според однапред утврдени протоколи, одговори денеска министерот за здравство, Венко Филипче на новинарско прашање кога ќе се нормализира јавното здравство за да може да прима редовни пациенти.

Рече дека се уште се подготвуваат капацитетите на клиниките, затоа што добар дел од нив, како што рече, работат по системот на пауза по една до две недели, штедејќи го медицинскиот персонал.

– Очигледно дека тој притисок во болниците сериозно попушта и вистински интензивно ние го избегнавме тоа. Веќе сите имаат добиено задолженија да ги организираат и редовните програми, направени се списоци на пациенти и интервенции што беа одложувани, рече Филипче.

Појасни дека сето тоа ќе оди во координација со системот за закажување Мој термин, што ќе работи според нов протокол при кој прегледите ќе траат 20-30 минути за да се избегнат гужвите во амбулантите.

– Сакаме сето тоа убаво да го подготвиме, да не брзаме, а истовремено сериозно го следиме и бројот на пациенти коишто се лекуваат од Ковид-19 и во болницата „8 Септември“ и на Инфективната клиника, рече министерот.

Повторно апелираше на почитување на мерките и граѓаните да се навикнат на новата реалност, а тоа е задолжително носење маски и почитување на другите мерки за заштита, се додека, како што рече, не се направи вакцина за Ковид-19 во 2021 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот амбасадор одбил да ја прими протестната нота

Редакција

Нови 292 случаи на Ковид-19 од 2.410 тестови, 45 се реинфекции

Редакција

Судот не го прифати барањето на одбраната на Панчевски за изземање на судијката Георгиевска и на велешкиот основен суд

Редакција