Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми е во фокусот на јавноста откако одби да отиде во Судскиот совет, од каде беше поканета поради нејзина изјава за медиум дека се врши притисок врз суудите во Судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателката на Врховен суд, Адеми, нема да оди во Судски совет, а образложи и зошто
Која е Беса Адеми
Беса Адеми е родена во јануари 1964 година во Скопје, каде и што живее.
Каково образование има
Според нејзината официјална биографија дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1990 година.
Правосуден испит положила во Скопје во март 1993 година.
Работно искуство
Во јануари 1990 година започнала да работи како приправник-волонтер во тогашниот Окружен суд Скопје, а од февруари 1994 година била стручен соработник во истиот суд.
Во периодот од јануари 1999 година до јуни 2004 година работела како заменик јавен правобранител на РМ во Јавното правобранителство на РМ.
Во јуни 2004 година е избрана за судија во Апелацискиот суд Скопје каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.
На 7 јули.2009 година е избранa за судија на Врховниот суд на Република Македонија.
За претседателка на Врховен беше избрана во февруари 2021 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Беса Адеми, новата претседателка на Врховниот суд
Фото: Врховен суд