Емилија Стојменова Дух, македонка по потекло, доктор на науки и асистентка на Електротехничкиот факултет во Љубљана, е избрана за министерка за дигитализација во новата словенечка влада.
Како што пишува inovativnost.mk во интервјуто со нејзе, Стојменова Дух во моментов работи како електроинженер во Лабораторијата за телекомуникации на Факултетот за електроинженеринг во Љубљана.
Таа е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia, а е и директор на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia.
Особено е активна во иницијативата за „паметни села“, која се имплементира под чадорот на Европската комисија и Европскиот парламент. Таа ја претставува Словенија во мултирегионалниот проект #HiddenNoMore на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на битни позиции во науката, технологијата и математиката.
По завршување на вторa година во природно-математичката гимназија во Виница се преселила во Марибор, Словенија. Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија добива стипендија за програмата Меѓународна матура во Втората Гимназија во Марибор каде го завршува средното образование.
Потоа студиите по електроинженерство ги продолжува на Универзитетот во Марибор иги завршува како најдобар студент..
Фото: Фејсбук/Стојменова Дух