Поранешната уставна судијка Наташа Габер-Дамјановска е реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наташа Габер-Дамјановска реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители
Која е Габер-Дамјановска
Родена е во октомври 1962 година во Скопје.
Според нејзината официјална биографија основно и средно образование завршила во Скопје, матурирана 1980 година, а дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во учебната 1984/85 година.
Магистрирала на Правниот факултет на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, насока Политички и политичко-правни науки, со магистерскиот труд: „Улогата на ПАСОК во социјалистичкото движење на Република Грција“ одбранет во 1990 година, при што се здобила со академски степен- магистер на политичко-правни науки.
Докторирала на Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања во Скопје во 1995 година со дисертација под наслов: „Мнозинството во системот на политичкото и парламентарното одлучување“ и се здобила со звање доктор по политички науки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кариера
Од април 1985 година до октомври 2008 година е вработена во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје.
Во октомври 2008 година е избрана за судија на Уставниот суд на Македонија.
Пред четири години стана директор на Академијата за судии и јавни обвинители.
Стекнати звања
Стекнато научно звање научен советник во 1997 година, и е реизбрана со истото звање во 2006 година. Во 2006 година се стекнува со наставно звање редовен професор.
Други активности и ангажмани
Била член на Управниот одбор на Македонскиот центар за меѓународна соработка од 1991 до 2009 година, а подоцна член на Управниот одбор на Македонската развојна фондација за претпријатија.
Исто така била дел од следните комисии: за Законот за избор на пратеници – 2002 и Законот за локални избори – 2004 година, кодификацијата на изборното законодавство во 2005 и негово амендирање во 2007 година, на измените на Законот за здруженија на граѓани и фондации од 2003 до 2008 година, создавање на националната програма на Државната антикорупциска комисија – 2007 година, на Законот против сите видови дискриминација – 2005 година.
Фото: МИА