еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Кој дозволи Пендиков за кого се водат две истраги да биде пренесен во Бугарија?

Пренесувањето на Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, на лекување во Бугарија предизвика многу нејаснотии и реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

Иако тој не е во животнозагрожувачка состојба, пред да заврши истрагата за неговиот напад, и да стане појасно дали се работи исклучиво за кафеанска тепачка, бугарските власти како едвај да чекаа да се случи ваков инцидент за да му дадат политички признак, испратија воен авион за да го лекуваат Пендиков во Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преседан е начинот на кој Пендиков е изнесен од државата, вели адвокатот Туфегчиќ

Македонските надлежни институции молчат или не даваат конкретни одговори на бројните прашања на медиумите и за правните дилеми во јавноста, а секако логично е да се постави клучното прашање, како лице за кои се водат дури две истраги може да ја напушти земјата.

За Пендиков во тек е истрага за неговиот напад, но и истрага поврзана со дрога. Тој во декември лани бил фатен со кокаин.

Експертите предупредуваат дека со неговото пренесување во Софија и политичките изјави во Бугарија, но и во Македонија, се компромитирани и двете истраги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден од напаѓачите на Пендиков го удрил по глава и му рекол „не ти е срам да се пишиш Бугарин“, велат за ицидентот во Охрид од Обвинителството

СДК: Натепаниот секретар на бугарскиот клуб минатиот декември бил фатен со кокаин, го натепале лица повеќе пати пријавувани за нарушување на ред и мир

Во меѓувреме бугарските медиуми и политичари шират лажни информации на сите страни и ја подгреваат атмосферата, дополнително ги влошуваат кревките односи помеѓу двете држави, но најавуваат и ново вето за Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Натепаниот секретар на „Цар Борис Трети“ неколку пати ја менувал изјавата, објави СДК

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денис Јанкуловски Космонаутко: Желбата да помагам ме води низ животот

Петре Димитров

Со акциите на Комерцијална, Алкалоид и НЛБ Банка лани остварен промет од 32 милиони евра

Редакција

Јанчев: Смена на Мицкоски на транспарентен начин, би се кандидирал за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција