еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Антонио Јолевски, новиот претседател на Советот на јавни обвинители

Јавниот обвинител Антонио Јолевски е новиот претседател на Советот на јавни обвинители (СЈО).

За него гласаа сите 11 членови на Советот, а немаше друг кандидат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Антонио Јолевски, новиот претседател на Советот на јавни обвинители

Антонио Јолевски e нов претседател на Советот на јавни обвинители

Кој е Јолевски?

Според неговата официјална биографија во 1983 година се вработил во Окружен суд Битола, каде бил приправник и раководител на писарницата.

Од 1996 година е распореден во Апелациониот суд Битола како стручен соработник и судски советник, а од 2002 година како раководител на сектор – секретар на судот.

Во 2003 година е избран за заменик јавен обвинител во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола.

Во 2012 година е избран за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола.

Од 2018 година работи како јавен обвинител во ОЈО Битола.

Во 2020 година е избран за член на Советот на јавните обвинители.

Фото: СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска мало заладување, дожд и северен ветер

Редакција

Возач кој излетал од патот Велес-Штип спасен благодарение на мобилниот кој испратил автоматска порака до бројот 112

Редакција

„Јас само да прашам дали ми важи венчаницата без северна„: Твитер реакции за налепниците со НМК, пасошите и возачките

Редакција