еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Авдуљ Селам Селами, директорот на Бирото за метрологија, кој мислел дека метрологијата е наука за времето

Кадарот на ДУИ, директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Селам Селами со изјавата дека до пред некое време мислел дека метрологијата е наука за времето и временската прогноза предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Славчо временска на апарати“: Твитер реакции за директорот на Бирото за метрологија, кој мислел дека метрологијата е наука за времето

(Видео) Директорот на Бирото за метрологија мислел дека метрологијата e наука за времето и временската прогноза

Кој е Селами

Роден е на 22.01.1984 година во Скопје.

Оженет е и татко на четири деца.

Образование

Во неговата официјална биографија стои дека е магистер по политички науки.

Тој е дипломиран правник. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Има положено правосуден и нотарски испит.

Средно училиште завршил во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, а основно во ОУ „Лирија„ во Скопје.

Во биографијата му стои и дека активно зборува англиски јазик.

Работно искуство и политичка кариера

Работел како инспектор во Управа за јавни приходи.

Бил заменик директор на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и рурален развој и заменик директор на Управа за јавни приходи.

Бил член на Управниот одбор во Универзитетска клиника за неврологија, како и на Управниот одбор во ЈП „Улици и патишта“ – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Авдуљ Селам Селами, директорот на Бирото за метрологија, кој мислел дека метрологијата е наука за временската прогноза

Фото: Министерство за економија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден донор утрово спаси четири животи, даруваше бубрези, срце и црн дроб

Редакција

Пет починале дома во периодот април-мај: Од Ковид-19 починаа 16 лица

Редакција

Немаме намера да ги одвоиме Македонија и Албанија во преговорите, вели шефот на ЕУ-дипломатијата Борел

Редакција