еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на новите членови на Државната изборна комисија (ДИК).
Кој е Бобан Стојановски?

Тој е кичевец роден во Битола на 08.05.1984 година.
Од 2010 до 2015 година работел како надворешен соработик/советник на пратеничка група во Собранието.
Тој од 2015 година наваму работи во Собранието како советник за поддршка на работата на пратеничките групи од областа на политичкиот систем – Сектор на генерален секретар.
Во перидот од март 2016 до ноември 2017 година е времено преземен на работа во ДИК како советник во правната служба.
Образование
Стојановски е правник и студиите ги завршил на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во 2009 година.
Во 2018 година го положил правосудниот испит и е магистранд по меѓународно право и односи на Европскиот Универзитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во биографијата на Радица Ристеска, старо-нова членка на ДИК?
Што пишува во биографијата на Оливер Ристовски: Од заменик-министер за правда до член на ДИК
Кој е Борис Кондарко, што пишува во биографијата на старо-новиот член на ДИК?
Што пишува во биографијата на Дитмире Шеху, старо-новата потпреседателка на ДИК
Фото: Собрание