еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Кој ќе добие по 1.000 евра за набавка на клима инвертери?

На 158. седница на Владата беше одлучено дека 10 илјади семејства во Тетово, Битола, Кичево и Скопје ќе добијат по 1.000 евра за набавка на клима инвертери.

Ќе се субвенционираат граѓаните кои користат енергетски неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво, со што сериозно влијаат на загадувањето на воздухот.

„За остварување на оваа мерка Владата му препорача на Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во рамките на акумулираната добивка, да донесе одлука за обезбедување средства во висина од 618.000.000 денари за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди, како и да донесе одлука за обезбедување средства за јавна едукативна кампања за придонесот од имплементација на мерката за здравјето на граѓаните и за начинот на кој таа ќе биде спроведена.

Во цел да се обезбеди транспарентност и инклузивност во реализацијата на мерката, Владата ќе го покани Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, да номинира две граѓански еколошки организации да бидат вклучени во имплементација на оваа мерка“, информираат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 190 случаи на Ковид-19 од 1.530 тестирања

Редакција

Путин: Немавме друг избор, невозможно беше да се толерира геноцидот во Донбас, кој траеше 8 години

Редакција

Советот на ЕУ поддржува визна либерализација за Косово и повикува на дијалог со Белград

Редакција