еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Кој е махерот кој им го „смести“ на Боки, Зоки и Кате?

Не престануваат реакциите во македонската јавност по вчерашното апсење на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец на кои им е одреден триесетдневен притвор поради сомнение за изнудување пари.

Граѓаните со неверување ја дочекаа и информацијата за оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на која веднаш потоа истражните органи и го одзедоа мобилниот телефон што јасно укажува дека најверојатно таа е еден од обвинителите која е под сомнение за вмешаност во големата рекет афера што беше обелодената во јавноста.

Тоа го потврдија и од обвинителството од каде што изјавија дека телефонот е одземен за да се види комуникацијата на обвинителката и првоосомничениот Боки 13.

Сега во јавноста едно од главните прашање е кое лицето против кое Специјалното јавно обвинителство (СЈО) водело истрага, а од кое Боки 13 и Зоки Кичеец во два наврата зеле пари ветувајќи дека преку обвинител со кого имаат пријателски врски т.е. влијание ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Тие од ова лице, кое самото поднело кривична пријава и е сведок во случајот, побарале најпрво 8 милиони евра да се запре истражната постапка, а доколку постапката не се запре тогаш во насока на изнаоѓање олеснителни околности лицето требало да им исплати пет милиони евра со тоа што веќе дадените 1 милион евра во вториот наврат влегувале во тој износ.

Во нашата земја нема многу лица кои се милионери што можат да си дозволат толкави суми за вакви намени и затоа во во јавноста веќе се шпекулира со името на еден познат македонски бизнисмен за кого СЈО имаше отворено постапка.

Интересен детал во целава приказна која наликува на холивудски филм, е дека Јавното обвинителство го истражува периодот кој се поклопува со времето кога СЈО го отвори случајот “Империја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е јавниот обвинител или обвинители со кои „рекетирале“ Боки13 и Кичеец?

(ВИДЕО) Се сретнаа пред Кривичен: Боки13 и рече на Русковска дека лаже

За случајот со Боки13 и Зоран Милески, Обвинителството има аудио и видео снимки

(ВИДЕО) Боки13 со лисици на распит во Кривичен, претрес во 1ТВ и домот на неговите родители

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Медведев ни се потсмева за рекордната цена на гасот

Редакција

(Видео+фото) Жена од Македонија загина во страшна сообраќајка кај Лесковец, семејството се враќало од Словенија

Редакција

(ВИДЕО) Не чувствува вина: Јанева била повикана како сведок за “Рекет“

Редакција