еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Ристо Пенов, кој ЛДП го предложи за нов министер за локална самоуправа на местото на Милевски

Либерално демократската партија го предложи Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЛДП го предложи Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа

Тој доаѓа на местото на Горан Милевски, актуелниот лидер на партијата кој поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил министерот Милевски, кој поднесе оставка

Кој е Пенов?

На јавноста најмногу и е познат како поранешен граночалник на Град Скопје.

Роден е во септември 1957 година во Велес.

Средно образование завршил во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ во 1975 година, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1979 година и магистрирал на тема „Кадровскиот потенцијал на Македонија – човечките ресурси како производен фактор“ на Правниот факултет во Скопје во 1990 година.

Професионална и партиска кариера

Пенов кариерата ја започнал во органите на управа на Град Скопје каде што работел на проблемите на економскиот и просторниот развој на градот, и на тоа место се задржал до 1986 година кога станал советник во економскиот тим на Петар Гошев.

Бил и раководител во претпријатието „Ангрокожа“ во периодот од 1990 до 1993 година.

Бил секретар на Демократската партија до нејзиното спојување со Либералната партија во 1997 година, потпретседател (од април 1997 до пролетта 1999 година) и претседател на Либерално-демократската партија (пролетта 1999 – февруари 2007 година).

Во 1996 година на Локалните избори е избран за градоначалник на Град Скопје, а вториот мандат го добил на Локалните избори во 2000 година.

По завршувањето на градоначалничката функција, Пенов во два мандати беше и пратеник во Собранието на Македонија.

Фото: Институт за комуникациски студии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОРТРЕТ: Која е Невенка Стаменковска Стојковски, новиот заменик министер за информатичко општество и администрација

Редакција

Русија нема дилема: Гоце Делчев е македонски народен херој

Редакција

Уставниот суд поведе постапка за работното време на работниците ангажирани за градење на коридорите 8 и 10

Редакција