Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го разреши директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински и секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски, како што посочија од Град Скопје поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за тендер вреден 136 милиони евра.
За каков тендер станува збор
Се работи за тендер на кој требало да се избере изведувач за пречистителна станица на територијата на Град Скопје.
Финансиери се Европската инвестициона банка (ЕИБ), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и државата.
ЕИБ кредитира со 68 милиони евра, ЕБОР со 58 милиони евра, а останатите 72 милиони се државен грант, обезбеден од државата пред повеќе од четири години од Европската комисија.
Според Перински недоразбирањата околу истиот настанале откако кон крајот на јули во Водовод и канализација стигнал допис од Градот Скопје од каде што барале да се смени комисијата што ја прави евалуацијата за избор на изведувач, да се сменат членови на комисијата за надзор и барање да се смени комисијата за жалби.
Арсовска, пак обвини за нетранспарентност од страна на Перински, кој, како што рече, ги држел неа и Советот на Град Скопје во темница без да ја информира за тоа што се случува во процесот и изрази сомнеж дека Перински сакал да влијае на постапката за избор на изведувач на проектот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски по разрешувањето на Перински и Велковски изјави дека кога не се исполнуваат очекувањата, патиштата со Арсовска може и да се разминат и застана на нивна страна.
Арсовска на последните локални избори, доби подршка од ВМРО-ДПМНЕ, по што беше избрана за градоначалник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Ѓоко Велковски, разрешениот секретар на Град Скопје
Каков имот пријавил Златко Перински, директорот на ЈП Водовод и канализација, кој е разрешен