еМагазин
Image default
Македонија

Коѕијас: Русија не сака да постои држава што се вика ПЈРМ и да се интегрира во НАТО

Каков сосед сакаме, под влијание на Турција? Поделен меѓу Албанија и Бугарија?, се праша поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас за време на неговиот говор од градот Ираклио на грчкиот остров Крит, осврнувајќи се на прашањето за името, преговорите и решението меѓу двете земји.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Коѕијас говореше на настан организиран од неговото Движење на идеи и активности Прато и ги опфати сите аспекти во грчката надворешна политика.

– Сакаме најблискиот наш сосед да е под влијание, под контрола на трети сили како што е Турција? Сакаме, како што сакаат некои, распаѓање на една држава на Балканот, да ја дестабилизираме и да се подели оваа земја меѓу Бугарија и Албанија? Или сакаме да имаме стабилност на Балканот, стабилност на границата, развој на влијанието на нашата земја во регионот и да можеме да правиме сојузништво?, се запраша Коѕијас.

Говорејќи за односите и позициите на Русија, поранешниот шеф на грчката дипломатија рече дека решението на проблемот меѓу Македонија и Грција и промената на името не е за „Северна Македонија да влезе во НАТО“, туку затоа што тоа е решение на еден проблем и за Грција е од национален интерес.

– Русија смета и не сака да постои држава што се вика ПЈРМ и да се интегрира во НАТО. Решението на името не се дава за да се интегрира ПЈРМ во НАТО. Премиерот многу внимателно го кажа она што го велиме во Министерството за надворешни работи и го повтори во саботата во неговата изјава, кога ја презеде функцијата, дека за нас е национален интерес ПЈРМ да го смени името, да се стабилизира и да се тргне од прегратката на Турција. Ако самите сакаат да влезат во НАТО тоа е нивно право. Русија се вмеша меѓу нашите национални интереси и она што го сака за НАТО, рече Коѕијас.

Во овој контекст, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, истакна дека во преговорите не треба да се дозволи вмешување на многу страни, бидејќи така нема да се најде решение.

–  Јас му реков на Нимиц, на претставникот на ОН, ќе доаѓаш, кога ќе имаме проблем или кога ќе имаме решение на проблемот, кога ќе треба ОН да помогнат, рече Коѕијас и додаде дека во преговорите за името, не дозволил на никој да се вмеша и да учествува освен него, министерот Димитров, премиерите на двете земји и експертите.

МИА/Фото: Влада на РМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Португалското претседателство очекува Бугарија до 22 јуни да ја одобри преговарачката рамка за Македонија

Редакција

Седницата за „францускиот предлог“ продолжува денеска во 11 часот, уште тројца пратеници се пријавени за збор

Редакција

Главната расправа за „Титаник“ одложена за 24 август, утре завршни зборови за „Тендери“

Редакција