еМагазин
Image default
Забава

(Галерија) Кој македонски дизајнер креира уникатни парчиња за познатите личности?

Тамара, Викторија Лоба, Лозано, Биг Мама, Елена Стефановска, Кристина Арнаудова, Теа, Ведрана се само дел од познатите личности за кои се креаираат уникатни парчиња од страна на македонскиот дизајнер Андреј Папаз.

Тој за сите нив твори специјални креации за настапите, концертите, јавните говори, видео записите, емисиите, како и за нивните гламурозно чекорења на црвениот тепих за ексклузивните настани.

„Соработката со јавни личности е уште еден предизвик во тоа што го работам, и ме прати во текот на целото досегашно работење како моден дизајнер. Да се креира за некого кој веќе е јавно експониран и публиката веќе има оформено слика за таа личност, си носи свои барања и одговорности.

Моите соработки со естрадата главно се врзани со јавни настани, каде создавањето на една креација зависи од повеќе нешта, пред се каков ефект сакаме да постигнеме кај публиката, каков е настанот, а некогаш сето тоа знае да бара и подетално истражување и предвивдување на сцена, светло, бои… Особено ги сакам соработките за спотови и фотосесии преку кои креативноста може да дојде повеќе до израз“, вели Папаз.

За оваа година Папаз подготвува уникатна ревија и соработка со македонски брендови. Негова тековна работа е ангажманот кој го има на Факултетот за дизајн и мултимедија, отсек моден дизајн при Универзитетот ФОН и костимограф за дел од театрите во нашата земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звуците на Шуман и Брамс со германскиот гудачки квартет – Minguet Quartett 

Редакција

Концерт на Владо Јаневски во „Антички театар“ во Охрид на 10. август

Редакција

Од 39 учесници: Васил Гарванлиев го освои 35. место на Евровизија

Редакција