еМагазин
Image default
Македонија

КОД: Обвинителите на СЈО добивале додатоци за доверливост за кои морале да молчат

Специјалните јавни обвинители добивале надоместок поради доверливоста на нивната работа околу прислушувањето на „бомбите“, открива „Код“ на „Телма“.

Овие надоместоци понекогаш биле во висина колку и нивната редовна плата.

Оваа одлука е класифицирана информација и обвинителите се обврзале да молчат за надоместоците до крајот на животот. По завршувањето на мандатот на шефицата Катица Јанева никој не може да ја ослободи од тајност, објави „Код“.

„Додатоците на платата се исплаќани по основ на договорни услуги. Токму ставката за договорни услуги е највисока во финансиските извештаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за последните три години. Под договорни услуги се подразбираат исплати за вештачења, консултантски услуги, но и дотатоците кои се исплаќани на вработените, а кои се тајна одлука.

За договорни услуги најмногу се исплатени во 2018 година, или 2 милиони евра. Претходната година по овој основ се исплатени 1.600.000 евра од буџетот на СЈО“, објавува „Код“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил поранешниот обвинител на СЈО, Гаврил Бубевски, кој ќе го застапува предметот „Монструм“

Каков имот пријавила поранешната обвинителка на СЈО, Фатиме Фетаи, која ќе го застапува предметот „Монструм“

Каков имот пријавил поранешниот обвинител на СЈО, Стевчо Донев, кој ќе го застапува предметот „Триста„

Каков имот пријавила поранешната обвинителка на СЈО, Елизабета Јосифовска, кој ќе го застапува предметот „Тотал“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот европратеник Џамбаски до Заев: Не ја разбирам вашата арогантност и дрскост да поставувате ултиматуми пред Унијата

Редакција

Полицајци дел од криминална група за посредување во вршење проституција и илегална трговија со дрога

Редакција

Со сведочење на оштетени во Кривичен продолжува судењето против Жан Митрев

Редакција