Лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи предизвика информацијата дека денеска на дневен ред во Собранието по скратена постапка се законски измени на дури девет закони во корист на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, кој за 1,3 милјарда евра ќе ги гради автопатите на коридорите 8 и 10д.
За Бехтел и Енка, кој власта го прогласи за стратешки инвеститор ќе се менуваат законите за земјоделско земјиште, експропријација, заштита на културно наследство, урбанистичко планирање, минерални суровини, работни односи, законите за шумите и за градење, а ќе се менува и законот што овозможи без тендер да му се даде на американско-турскиот конзорциум да ги гради автопатите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бехтел и Енка, кој ќе ги гради автопатите, нема да плаќа данок, царина и акциза
Предлагачи се пратеници на ДУИ, СДСМ и Алијанса за Албанците: Арбана Пашоли, Арбен Зибери, Арбер Адеми, Арта Биљали-Зендели, Бајрам Кадрија, Бедри Фазли, Берат Ајдари, Вјолца Адеми, Даниела Николова, Љатифе Шиковска, Мерита Колчи Коџаџику, Рина Ајдари, Фиснике Бектеши Шаќири, Халил Снопче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катастрофални законски измени за работничките права заради Бехтел и Енка, реагираат од ССМ