еМагазин
Image default
Бизнис

Кои се новите членови на Одборот на директори на Американската стопанска комора

На 19то по ред годишно Генерално собрание претставници на компаниите членки на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) избраа нови членови на Одборот на директори, Јелена Арсовска, генерален директор, Меккен, Михаел Солтер, генерален директор, Филип Морис, Драган Давитков, генерален директор, PwC.

Оваа година на Собранието присуствуваа претставници од 85 компании членки на Комората. Настанот официјално го отвори тековниот претседател на Одборот на директори, Љупчо Георгиев од Мајкрософт, кој посочи дека деловниот сектор треба да има можност континуирано да дава препораки и коментари за предложени измени во законодавството, како и да разговара со креторите на политики за идеи кои би ја подобриле регулативата и би го зајакнале деловното опкружување.

Официјално обраќање имаше и амбасадорката на САД  Кејт Мери Брнс, која ја нагласи улогата на АмЧам во делот на заземање за деловната заедница, укажувајќи ја важноста од учеството на бизнис заедницата во демократските случувања и промени во земјата, како и можноста за напредок, интеграција, проширување на пазарот и зголемување на транспаретноста и предвидливоста на бизнис политиките. Таа исто така ја посочи важноста на борбата против корпуцијата и владеењето на правото како главни двигатели и на општествениот и на економскиот прогрес.

Извршната директорка на АмЧам Македонија, Дијана Десподов, го презентираше извештајот за реализираните активности и проекти во изминатите 12 месеци, нагласувајќи импозантни проценти на вклученост на членките во активностите на комората. Таа потенцираше дека е забележано зголемување на бројот на членки за 10%  во однос на минатата година, и истакна дека годинава се одржале вкупно 61 состаноци со владини претставници и креатори на политики со цел зајакнување на деловното опкружување и подобрување на регулативата.

АмЧам Македонија ја сочинуваат 136 компании од различни сектори и индустрии чиишто членки се посветени на зајакнувањето на гласот на меѓународниот бизнис во Македонија, промоција на одржлива, предвидлива и конкурентна бизнис средина, и општествена одговорност на компаниите. Членките на АмЧам претставуваат значаен дел од македонската економија коишто имаат вкупен годишен обрт од 4 милијарди евра и вработуваат 40.000 граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судскиот совет одлучи Обвинителството да го преземе случајот во кој од Македонски телеком Фокуснет од Штип бара 4 милиони евра

Редакција

Бензините поевтинуваат до 2,5 денари

Редакција

УЈП: Годишните даночни пријави ќе може да се корегираат и за викендот

Редакција