еМагазин
Image default
Бизнис

Кои се петте најголеми трговски партнери на Македонија?

Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 2,6 милијарди евра и бележи пораст од 14.8 % во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3,4 милијарди евра, што е за 14.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 837.872.000 евра.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – мај 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БИМ од Свети Николе во првите три месеци со добивка

Редакција

Српскиот Свислајон Таково ќе произведува кечап и мајонез во Македонија

Редакција

Сите детали од протоколот за работни места: Растојание од најмалку еден метар дури и во лифтови

Редакција