еМагазин
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Кои се правата на текстилните работнички за прекувремената работа

Газдите на текстилните компании бараат 8,5 часови работно време, но текстилните работници и работнички веќе работат многу повеќе часови.

Според Гласен текстилец, до 38 проценти од текстилците работат прекувремено, а на над 70,8 проценти не им се исплаќа прекувремената работа.

Истражувањето покажува дека 335 текстилни работници и работнички работат прекувремено за време на празници и за викенди (272 мажи и 63 жени). На 597 (494 жени и 103 мажи) не им се исплаќа прекувремената работа.

Што вели законот?

Максималниот број на прекувремена работа смее да изнесува најмногу 190 часа годишно согласно Законот за работни односи. Прекувремената работа треба да е пријавена од страна на работодавачот до надлежен инспекторат и соодветно да биде евидентирана и платена.

На пример, доколку дневницата за редовна работа е 100 денари, за прекувремена работа треба да изнесува 135 денари.

Доколку на вработените при исплата на плата наредниот месец во исплатната белешка од плата не стојат прекувремени часови, вработениот/вработените можат да го пријават истото до Инспекторат за труд. Претставката може да биде и анонимна.

Исто така согласно член 181 од законот за работни односи, вработените можат да си ги побраат своите парични побарувања директно пред надлежен суд без претходна постапка кај работодавач или инспекторат од областа на трудот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цар Самоил станува „бугарски“: БГНЕС го објави целиот нацрт-текст на францускиот предлог

Редакција

19-годишниот Бошко Јанкулов боледува од малиген карцином на коски, карлица и бели дробови – потребни се средства за лекување

Редакција

МНР повикува на внимателност при изјавите на државните функционери и почитување на Преспанскиот договор

Редакција