еМагазин
Image default
Бизнис

Колку акции поседуваат во Витаминка кандидатите за членови на Одборот на директори на компанијата

Витаминка АД Прилеп во информација објавена на Македонската берза, ги објави имињата и биографиите на кандидатите за членови на Одборот на директори на компанијата.

Кандидати се Симон Наумоски, неизвршен член, Сашо Наумоски, член, Благоја Ѓорѓијовски, неизвршен член, Маја Кадиевска Војновиќ, неизвршен член, како и Горан Трајковски, кој на јавноста и е познат пред се како поранешен прв човек на Управата за јавни приходи (УЈП), како неизвршен член.

Во нивните биографии се објавени и податоци за тоа колку акции поседуваат во компанијата.

Симон Наумоски поседува 29,48% од вкупниот број акции или вкупно 22.804 обични акции и е најголем поединечен акционер.

Сашо Наумоски поседува 7,03% од вкупниот број акции или вкупно 5.390 обични акции.

Ѓорѓијовски, Војновиќ и Трајковски не поседуваат акции во Витаминка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на УЈП, Горан Трајковски влегува во Одборот на директори на Витаминка

Витаминка лани работела со добивка

Фото: Витаминка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата вработува 10 службеници

Редакција

Сите детали: Шест месеци одложување на наплатата на кредитните обврски од Халкбанк

Редакција

Народна банка: Основната каматна стапка останува 1,25%

Редакција