По вчерашниот распит за случајот „Рекет“ на Јавното обвинителство, специјалната обвинителка во заминување, Катица Јанева изјави дека Обвинителството и одзело два мобилни телефони, чија содржина се уште се анализира, но спомна и трет телефон. Со изјавата внесе и дополнителна забуна за тоа кој телефон е форматиран.
„Се уште се форматира, се уште се работи и се анализира…мојот не е форматиран. Се работи за два мои телефони кои сум ги користела. И двата се одземени и се на анализа во обвинителството, а потоа додаде дека пронајдениот телефон бил трет кој бил изгубен, а за кој од Обвинителството информираа дека бил фроматиран.
„Не, не, не, тој е трет телефон што е изгубен“, рече Јанева.
Од Обвинителството досега информираа дека се одземени два мобилни телефони на Јанева. Првиот и беше одземен истиот ден кога јавноста дозна детали за случајот „Рекет“ и беа уапсен двајцата осомничени.
За вториот телефон како што информираа за медиумите од Обвинителството, прво се тврдеше дека е изгубен, а потоа беше најден, но форматиран.
Дали Јанева повторно се заплетка со изјавата, што нема да и биде прв пат, или навистина станува збор за три телефони, ќе видиме наскоро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По исказите на Кичеец и Јанева: Ќе ја отвори ли Боки 13 Пандорината кутија?
“Катица да можеше и Орце Камчев ќе го земеше за адвокат: Твитер за распитот на Јанева за „Рекет“
(ВИДЕО) Не чувствува вина: Јанева била повикана како сведок за “Рекет“
“Рекет“ “удри“ и на предметите на СЈО за кои во тек се судења