еМагазин
Image default
Техно

Колку од граѓаните користат Фејсбук, колку се на Инстаграм

Според веб-страницата СтопДезинформации.мк која е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“, половина од испитаниците имаат активен профил на Фејсбук (51%), а повеќе од четвртина испитаници (26.5%) на Инстаграм.

„Истражувајќи ги навиките на корисниците на социјалните мрежи ги прашавме испитаниците дали имаат активни профили на социјалните мрежи, а тие имаа прилика да дадат повеќе одговори. Половина од испитаниците имаат активен профил на Фејсбук (51%), а повеќе од четвртина испитаници (26.5%) на Инстаграм. Една третина од испитаниците кои имаат профил на Инстаграм (36,1%) поминуваат повеќе од 3 часа во денот, 29.7% помеѓу еден и три часа дневно, додека скоро една петина испитаници на Инстаграм поминуваат помалку од еден час дневно (17.8%)“,  велат од таму.

фото: Фејсбук-страница на СтопДезинформации

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИНОФЕИТ започнува програма за поддршка на иновации кај студентите на УКИМ

Редакција

Сеавус едукативниот и развоен центар се ребрендира во глобална Qinshift Academy

Редакција

Google Pay овозможен за корисниците на платежни картички од Стопанска банка АД – Скопје

Редакција