еМагазин
Image default
Бизнис

Колку вработени имаат Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат-М

Кај петте телевизии што емитуваат програма на државно ниво преку терестријален предавател (Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма), просечниот број на вработени во редовен работен однос лани изнесувал 609 лица, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Најголем број од нив биле вработени во Сител (149) и во Канал 5 (138). Во Алсат-М просечниот број на вработени изнесувал 116, во Алфа 106, а во Телма 100 лица.

Во споредба со претходната година, просечниот број на вработени во овие пет телевизии бил зголемен за 40 лица, од кои 23 во Алфа, седум во Сител, шест во Алсат-М и по две лица во Канал 5 и во Телма.

На 31.12.2020 година, вкупниот број на вработени во овие пет телевизии изнесувал 726 лица. Од нив, во редовен работен однос биле 622 лица, а 104 биле со хонорарен ангажман, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сител, Канал 5, Телма и Алфа лани оствариле загуба, Алсат-М работела со добивка

Колкави приходи лани оствариле Сител, Алсат-М, Телма, Алфа и Канал 5

Колкави трошоци лани имале Сител, Телма, Алсат-М, Канал 5 и Алфа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драстичен раст на извозот: „Алкалоид“ ги освојува пазарите во САД, Унгарија, Полска, Чешка…

Редакција

Адинг ја зголеми добивката за 46,5%

Редакција

Петер: НЕ за ЕУ ќе значи помалку пари, инвестиции и извоз

Редакција