Кадарот на Алијансата за Албанците, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, предизвика лавина од реакции во јавноста откако на Фејсбук самиот соопшти дека на џамија во Арачиново од имотот кој го одзела државата и подарил комбе „Цитроен Џампер“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По реакциите кои главно се однесуваат на прашањето дали државата може да донира на верски објекти, тој на Фејсбук напиша дека Агенцијата има законско право да отстапи конфискувани добра на државни институции и најави дека и манастирот Свети Јован Бигорски ќе добие донација и дека за таа донација се чека одлука од Владата.
Од Агенцијата манастирот ќе добие кандило, темјан, теписи, лустери, чајник…
Фото: Фејсбук/Небиу
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.