Собранието на акционери на Комерцијална банка на седницата одржана на ден 02.04.2020 година, донесе одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2019 година, соопшти банката преку Македонската берза.
„Износот на дивиденда, согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2019 година, донесена од Надзорниот одбор на банката на 27.02.2020 година, изнесува 550 денари за една обична акција односно 55 % во однос на номиналната вредност од 1.000 денари“, соопшти банката.
Оттаму додаваат дека последен ден на тргување со право на дивиденда за 2019 година е 21.04.2020 година, а прв ден на тргување без право на дивиденда за 2019 година е 22.04.2020 година.
Исплатата на дивиденда за 2019 година ќе започне на 29.04.2020 година.
„еМагазин“ веќе пишуваше дека ваквата одлука е спротивна на препораките на Народната банка ланската добивка банките да ја искористат за зголемување на капиталот поради кризата предизвикана од корона вирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Комерцијална банка ќе исплати дивиденда спротивно на препораките на Народната банка
Народна банка: Банките да не делат дивиденда, добивката за зголемување на капиталот
Детален преглед: Банките решија да наплаќаат камати на „корона кризата“
„Корона-каматите“ треба да се изучуваат како пример за општествена неправда