еМагазин
Image default
Бизнис

Комерцијална банка оствари добивка од 28,9 милиони евра

Нето-добивката на Комерцијална банка за 2018 година изнесува 1.780.300.000 денари или околу 28,9 милиони евра, покажува годишниот извештај на банката објавен преку Македонската берза.

„Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на банката да ги покрива расходите од работењето, е за 9,1% помала во однос на минатата година што главно се должи на намалувањето на нето-приходите од камати поради континуирано намалување на каматните стапки.

Нето-исправката на вредност на финансиските средства пресметана по методологија на НБРСМ заклучно со 31.12.2018 година изнесува 793,9 милиони денари и во однос на истиот период минатата година, кога изнесуваше 2.452,1 милион денари, бележи намалување 67,6%“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Плати и надоместоци од 826.000 евра за членовите на Управниот одбор на Комерцијална банка

Во Комерцијална банка сефови имаат 4.700 граѓани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тиквеш: Kризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата, нанесе огромни штети на целокупната македонска винска индустрија

Редакција

Ќе има брза лента за издавање патни документи на професионалните возачи

Редакција

МЕПСО ќе вложи 1,12 милиони евра во модернизацијата на трафостаницата „Прилеп“ и ќе замени со нова опрема што е во функција 40 години

Редакција