Во две блок-трансакции со вкупна вредност од 28 милиони денари или околу 456.000 евра денеска на Македонската берза се продадоа 4.636 акции од „Комерцијална банка“ АД Скопје.
Акциите во двата блока се продадоа по цена од 6.050 денари за акција.
Ова е втора голема купопродажба на акции оваа недела откако вчера на берзата исто така во две блок трансакции „Адора инженеринг“ купи 5.300 акции од банката за кои плати 521.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Адора инженеринг“ е купувачот на 5.300 акции од „Комерцијална банка“ за кои плати 521.000 евра
Кој е Ванчо Чифлиганец: Од професор до еден од најголемите акционери во Комерцијална банка
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.