еМагазин
Image default
Македонија

Комисијата за заразни болести со препораки за „мајмунските сипаници“

Комисијата за заразни болести, во рамки на Министерството за здравство денеска одржа редовна работна средба, на која присуствуваат и претставници од Агенција за храна и ветеринарство, на која беше разгледана состојбата со мајмунски сипаници во Велика Британија.

Од Комисијата посочуваат дека во моментов нема опасност од појава на вирусот „мајмунски сипаници“ во Македонија и дека во континуитет се следи состојбата со заразни болести во државата, како и актуелните случувања со мајмунска сипаница во регионот и држави од Западна Европа.

По дискусијата, во однос на видот на заболувањето, проценка на ризикот и бројот на случаи во Европскиот регион, Комисијата ги донесе следните мерки и заклучоци,  со цел информирање на здравствените работници и населението:

-Се задолжува Институтот за јавно здравје да подготви едукативно-информативен материјал – флаери за „мајмунски сипаници“ со информации за болеста, начинот на пренесување, мерките за превенција и постапување, со цел информирање на населението и здравствените работници.

Едукативно–информативниот материјал ќе биде поставен на веб страната на ИЈЗ, МЗ и Центрите за јавно здравје, а ќе биде доставен и до Здружението на матични лекари. Флаерите ќе бидат дистрибуирани и до патниците, кои доаѓаат од земјите во кои е регистрирана болеста.

Исто така, Институтот за јавно здравје да оствари контакт со референтни лаборатории во Европските земји со цел да се оствари соработка за можна конфирмација на случаите.

– Агенција за храна и ветеринарство во рамките на своите надлежности се здолжува да ги засили мерките за контрола на внес на приемчиви видови на животни од ризичните земји.

– Зајакнување на соработката меѓу ИЈЗ и АХВ, преку навремена  размена на информации меѓу иституциите и следење на епидемиолошката состојба  со мајмунските сипаници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбраната на обвинетите за насилството во Собрание тврди дека предметот е политички мотивиран

Редакција

Од Ковид-19 починале 8 лица, дополнително пријавени уште 6

Редакција

Убава вест: 105 оздравени од Ковид-19

Редакција