еМагазин
Image default
Бизнис

Компанијата „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“ на која Владата и ја одзеде лиценцата за одгледувње канабис работела спортивно на Законот

Комисијата при Министерството за здравство констатира дека фирмата „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“ од Битола со нејзината истоимена подружница од Прилеп, на која на вчерашната владина седница и беше укинато Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, работи спортивно на Законот за контрола на опојни дроги и супстанци, информира на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Според него, компанијата не обезбедувала функционален 24-часовен видео мониторинг во сите простории каде што се одгледувал канабисот и не вршела пакување и обележување на исушениот цвет согласно Законот.

– Оваа комапнија извршила процес на мелење на сувиот цвет, кој не е соодветно пакувани и обележан, и оттаму е недостигот од 531,91 килограми на пријавен сув цвет по сите документи поднесени до Министерството за здравство и пронајдени на лице место во ова правно лице, доаде Арсовски.

Според него, сето ова, укажува на сторено казнено дело согласно Законот, а дополнитело компанијата не ги исполнувала ниту пропишаните услови на предвидена опрема и кадар, врз основа на кои се издаваат лиценците за работа.

Владата на вчерашната седница на предлог на Министерството за здравство ги разгледа и усвои Информацијата за укинување на Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“, увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп и беше решено да престане важењето на одлуката за давање согласност на Решенијата за издавање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на оваа компанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фирми од Битола и Прилеп останаа без дозволи за одгледување канабис за медицински цели

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Азески: Мора да продолжиме да работиме исто како да сме добиле датум

Редакција

ЗК Пелагонија со намалени приходи и добивка во третиот квартал

Редакција

Агенцијата за примена на јазикот вработува 13 лица, плата до 30.560 денари

Редакција