еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Контроверзниот Протокол со Бугарија нема да го видиме додека не се потпише

На 1. јули во Клубот на пратеници од Владата организираа брифинг за новинари за т.н. француски предлог, а на истиот беше присутен и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како и премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Претходно во бугарските медиуми беше објавена верзија на Протоколот кој Македонија треба да го потпише со Бугарија, кој предизвика лавина од негативни реакции во јавноста, бидејќи третира прашања од историја и образование во Македонија за кои ќе одлучува Бугарија, што е директно мешање во внатрешните работи и секако е нарушување на суверенитетот на една независна држава.

Новинарите го прашаа Османи кога ќе го објави Протоколот, а тој одговори дека истиот е готов и дека ќе го презентира пред новинарите утре (2. јули).

Денеска сме 12. јули, Протоколот не го видовме (сите експерти за евроинтеграции, посочија дека „таму лежи зајакот“), до сега слушнаваме различни изјави, дел од власта вели дека истиот е готов, други не, за да на крај јавноста дознае од соопартиецот на Османи, Арбер Адеми, кој фрлаше предмети кон пратениците во Собрание, дека истиот ќе го видиме откако ќе бил потпишан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Контроверзниот Протокол со Бугарија прво ќе биде потпишан, па ќе биде објавен, вели Адеми

Во меѓувреме во македонските медиуми беа објавени верзии на Протоколот, а Министерството за надворешни работи реагираше да не се ширеле шпекулации, но и дека дека „содржината на евентуалниот Протокол меѓу двете земји, како записник од идната седница на Заедничката меѓувладина комисија, финално ќе биде усогласен на самата седница на оваа Комисија“.

Ако Османи сака да не се шпекулира за Протоколот, аман веќе нека го објави. Јавноста не бара од него да го објави неговиот Извод од родени или некој негов личен документ.

Ваквото однесување на власта дополнително ја зголемува недовербата на јавноста за едно важно прашање, покажува дека власта е нетранспарентна во целиот процес и остава впечаток дека нешто крие, а народот, експертите, новинарите, политичките партии… имаат право да бараат истиот да биде објавен пред да се потпише, за да не биде работата “по свадба тапани“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторно се појавија неточни информации за содржината на Протоколот, велат од МНР

Пратениците ќе ги добијат сите документи, но не и Протоколот со Бугарија

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија црвено ниво на безбедност, две лица уапсени по вчерашниот напад на полицаец пред израелската амбасада

Редакција

Цените на угостителските услуги продолжуваат да растат, во август повисоки за 5,1%

Редакција

Црвени прсти на нозете – нов симптом на коронавирусот

Редакција