еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Корисни совети за исхраната и крвниот притисок

Каква е поврзаноста помеѓу храната и вашиот крвен притисок? Кои видови храна влијаат на намалувње а кои на покачување на притисокот? Како да се храниме здраво и да не предизвикаме проблеми на нашите системи во организмот?

Нормален крвен притисок кај човекот изнесува 120 со 80. Сепак, бидејќи луѓето се разликуваат малите варијации во однос на идеалените параметри, можат да се толерираат.

Како резултат на метеоролошките промени, во зависност од тоа што јадеме и што пиеме, па и од старосната доба во која сме, исто така може да се појават разлики.  Истот така во текот на денот се случуваат варијации. Сето тоа е нормално, додека е во граници на толеранција.

Сепак, крвниот притисок треба редовно да се контролира, особено кога станува збор за повозрасни лица и личности во средни години. Ова е особено важно доколку се појават некои симптоми како главоболка, вртоглавица, срецебиење.

Препорачливо е секој во својот дом да има апарат за мерење на притисок.

Висок крвен притисок и како се манифестира

Високиот крвен притисок или хипертензија е болест на современото живеење, а настанува пред се поради консумирање на неквалитетна и нездрава исхрана, стресни животни ситуации, но и генетска предиспозиција. Игнорирањето и не лекувањето може да доведе и до најлоши последици, како што се срцевиот или мозочниот удар. Во нашето поднебје тоа се најчести причини за смрт.

Кои се симптомите на високиот крвен притисок?

За жал некои луѓе не се ни свесни дека имаат висок крвен притисок, се додека не го почнат да го мерат, затоа што понекогаш не чувствуваат симптоми или бидејќи се навикнати на состојбата во која се наоѓаат.

Кога ќе се појават симптомите на високиот крвен притисок, тоа се обично главоболки, вртоглавици, мачнини, повраќање, заматен вид, болки во градите, неможност да се дојде до здив.

Исхраната и високиот крвен притисок

Доколку притисокот е константно 140 со 90, тоа е доволна причина да смените нешто во Вашата исхрана. Прво што треба да направите е да ја намалите употребата на солта во исхраната.

Некои луѓе премногу ја солат храната, иако не се свесни за тоа, а тоа во долг временски период никако не е добро. Солта треба да се користи, но во мали количини.

Во природата постојат многу билки кои можат да Ви помогнат. Како народен лек за висок притисок е лукот. И научно е докажано дека лукот го намалува крвниот притисок, но многу луѓе избегнуваат да го консумираат поради непријатниот мирис.

Помалку познат, а исто така ефикасен е целерот. Се смета дека целерот е посебно делотворен кај намалувањето на високиот крвен притисок, кој е резултат на стресот. Целерот е исто така добар за регулирање на холестеролот. Треба да се користи повеќе во салати, чорби или како сок од целер.

Во некои случаеви се препорачува контролирано намалување на тежината. Зголемената телесна тежина може да биде една од причините за висок притисок. Некој вид на диета ќе придонесе за намалување на високиот крвен притисок.

Утврдено е дека луѓето кои не јадат месо имаат понизок притисок. Вегетаријанците се хранат претежно со овошје, зеленчук и житарки, па тука треба да го барате спасот. Не мора сите да станат вегетаријанци, но ете ја причината да размислиме, за намалувањето на количеството на месото во исхраната.

Не заборавајте дека црното вино и кафето го зголемуваат крвниот притисок.

Според некои истражувања за намалувањето на притисокот корисни се витаминот Ц, калциум и калиум.

Квалитетно ладно цедено маслиново масло и морската риба се препорачуваат во исхраната. Од лековитите билки глогот е добар за срцето и за регулирање на крвниот притисок.

Низок крвен притисок  

Нискиот крвен притисок или хипотензија е здравствен проблем кои не е занемарлив, но секако дека не е толку опасен како високиот крвен притисок. Проблемот се јавува поради намалениот доток на крвта, па така потребните количества на кислород не доаѓаат таму каде што е неопходно. Луѓето се проѕеваат кога организмот го почувствува недостигот на кислород.

Причините зошто некој има низок крвен притисок се различни и не потполно разјаснети. Некои стручњаци тврдат дека тоа е наследно и дека почесто се јавува кај слабите луѓе. Жените почесто се соочени со хипотензија, отколку мажите. Се смета дека дехидратација на организмот, прекумерно држење на диета, како и одредени заболувања можат да бидат причини.

Слично како и кај високиот притисок симптомот може да биде вртоглавица. Освен тоа симптоми се умор, поспаност, проѕевање, малаксалост, безволност, тешкото будење, недостиг на енергија, лоша концентрација итн. Во таквите ситуации човекот навистина тешко функционира.

Како да го зголемите притисокот?

Доколку притисокот Ви е во моментот многу низок обидете се да разматете малку сол во чаша со вода и испијте. Тоа би требало да Ви помогне, но тоа е краткотрајно решение на Вашите маки. Не се препорачува да претерувате со солената храна бидејќи тоа не е добро од повеќе причини.

На некој му помага да испие шолја кафе или зелен чај, што е сосема добро решение. Сепак претерување со овие напивки може да му штетат на организмот.

Oд лековитите билки треба да се консумира рузмаринот. Во народната медицина тоа е лек за циркулација и низок притисок.

Водете сметка за тоа колку вода внесувате во организмот. Тоа може да биде една од причините за низок притисок. Секој човек во текот на денот би требало да испие 2 литри течности, а доколку се занимава со спорт или со физичка работа и повеќе од тоа. Најпрво  треба да консумира соодветна количина вода, а потоа и зелен чај, чај од рузмарин.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден загинат во сообраќајка на булеварот „Киро Глигоров“, го удрил автомобил додека менувал гума

Редакција

Вистинска пролет: Денеска времето сончево и топло со температура до 24 степени

Редакција

„Тојота автоцентар“ го доби тендерот на РКЕ за набавка на две патнички возила вреден 40.000 евра

Редакција