еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски му го нуди и премиерското место на Мицкоски за уставните измени

Премиерот Димитар Ковачевски му нуди на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интерес на спроведување на уставните измени да ја преземе премиерската позиција во преодната Влада, брифираа денеска владини извори, иако, како што претходно е договорено премиер во следната техничка Влада, треба да биде Албанец.

Ковачевски смета дека треба да остане на премиерската функција и до крај да го спроведе процесот на уставни измени, но во интерес на евроинтеграции, освен пет ресори е подготвен на Мицкоски да му ја отстапи и премиерската позиција во преодната Влада, кој потоа би го спровел процесот докрај, велат владините извори.

Постојат концепциски и процедурални разлики меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, но на лидерската немало разговор за содржината на истите, туку за роковите кога да се спроведат.

За Ковачевски, брифираат владини извори, битна е брзината на спроведување со оглед на околностите и роковите, кои се поставени и од самата Европска Унија. За премеирот се што е надвор од Преговарачката рамка не може да се одлучува на лидерска средба, туку за тоа одлука носат сите 27 земји-членки на Унијата со консензус.

Еден од условите, кои ВМРО-ДПМНЕ го постави на лидерската е одложеното дејство на уставните измени, додека во Преговарачката рамка е наведено дека тие треба да се спроведат по завршувањето на скрининг процесот и се предуслов за одржување на втората меѓувладина конференција и отворање на кластерите. Во тој контекст Ковачевски, како што нагласуваат владини извори, смета дека треба да се искористи и наклонетоста на земите од ЕУ, имајќи ја предвид руската агресија врз Украина, за приклучување на Западен Балкан и проширување на ЕУ, што е заложба на високите официјални претставници на Унијата.

Усвојувањето на уставните измени е процудера, во моментов предлгогот е во Министерството за правда, а оттаму треба да биде доставен до Собранието. За уставни измени, ако се почне во овој момент се потребни минумум три и пол месеци, а како што брифираат владини извори очекувањата се дека процесот ќе трае неколку месеци, со оглед на тежината на одлуките и собраниските процедури кои се потребни, за истите да бидат изгласани.

Владини извори брифираат дека целта на навремено спроведување на уставните измени, согласно Преговарачката рамка е забрзување на процесот на преговори, од старт затворање на две поглавја, забрзување на евроинтеграцијата, а тоа пак овозможува поврзување со европските пазари, економски раст, повеќе инвестиции, извоз, нови работни места.

Задутре, како што најавуваат владини извори, две држави, една членка од ЕУ и една надвор од ЕУ ќе усвојат резолуции за поддршка на зачленувањето на Македонија во ЕУ и за потврда на македонскиот јазик и идентитет. Една од државите, како што веќе објавија медумите е Германија, а втората се очекува да биде САД.

За Владата суштински е да продолжи дијалогот со опозицијата за обединување во однос на уставните измени. Владата ќе почека неколку дена ВМРО-ДПМНЕ да делегира свои претставници во работната група, но според владини извори засега нема расположение опозициската партија да учествува во работната група. Истите извори нагласуваат дека секој пратеник не само што е припадник на партијата, туку е пред се претставник на народот, кој тежи повеќе од девет илјади гласови, па поради тоа секој поединечно треба да размисли за иднината на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му понуди на ВМРО-ДПМНЕ предлог од три точи за уставните измени

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се предлозите за нови заменици-министри

Редакција

Куќен притвор и за петтиот осомничен за упадот во М-НАВ

Редакција

(Галерија) Се отвори „Родителска куќа“: Топол дом за родителите од внатрешноста чии деца се борат со канцер на хемато-онколошкото одделение

Редакција