еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски најави можна предизборна коалиција на СДСМ, ДУИ и други албански партии за претседателските и парламентарните избори

Европската коалиција на партиите кои се залагаат за интеграција и напредување на Македонија во Европската Унија ќе биде победничка на следните претседателски, а потоа и на парламентарните избори, порача премиерот Димитар Ковачевски.

Прашан за коментар за изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека европскиот фронт може да излезе заеднички на следните избори, Ковачевски, рече дека тој прв дал изјава дека во нашата држава постојат два концепта, еден за ЕУ и еден за изолација, и дека “тоа е она на што мисли и претседателот на ДУИ, Ахмети“.

-Во однос на изборниот настап, и јас потврдувам дека на следните претседателски избори, бидејќи прво одат претседателските, па потоа парламентарните избори, кандидатот на европската коалиција на концепцијата и политичките партии кои се залагаат за интеграција на Северна Македонија во Европска Унија ќе биде победничкиот кандидат и ќе биде избран за претседател на Република Северна Македонија, а подоцна на парламентарните избори коалицијата која што е за европска Македонија исто така ќе ја формира повторно следната влада во државата, изјави Ковачевски.

Во однос на конкретниот настап на изборите, Ковачевски посочи, дека тоа останува да биде дел од еден коалициски договор којшто се прави врз основа на програма, којшто се прави врз основа на коалициско усогласување и врз основа на усогласување на системот на вредности помеѓу повеќе коалициски партии. Меѓутоа, нагласи тој, ниту една опција не е исклучена во тој дел.

Ковачевски, потсети дека, уште пред една година, на трибините коишто ги имаше СДСМ, кажал дека во државата има два концепт.

– Едниот е концепт за европска интеграција и напредување на државата во ЕУ во нејзино полноправно членство и носење на потребните одлуки, којшто го предводи СДСМ и коалиционите партнери, а кон тој концепт се приклучија и други политички партии како на пример Алијанса за Албанците.

И има втор концепт, којшто се залага за блокада и за изолација и повторување на онаа декада или 11 години, која што ја имавме изолирана држава со плати двојно помали од денес, со пензии двојно помали од денес, со стандард помал од денес, со нарушени односи со соседите, со нарушени односи внатре и со ниту еден милиметар помрднати во европските интеграции, изјави Ковачевски. 

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иванов побарал средства за канцеларии за неговиот иден кабинет: Што друго му следува

Редакција

Горивата поскапуваат до 1,5 денари

Редакција

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 767,4 илјади евра

Редакција