Нема да го коментираме францускиот предлог и нема да биде предмет на дискусија затоа што сè уште не е предлог кој што е усогласен од страна на сите 26 земји членки на ЕУ и вклучително Франција, која што практично го дава предлогот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со францускиот предлог, по завршувањето на средбата со коалициските партнери во Владата, Ковачевски најпрво се надоврза на изјавата која што ја даде министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
– Нормално е дека Министерството за надворешни работи, согласно со своите надлежности, согласно со пристап до информации, има увид во предлогот и најискусните дипломати, експерти во МНР прават анализи на овие предлог документи.
Меѓутоа, нема да го коментираме и нема да биде предмет на дискусија затоа што сè уште не е предлог кој што е усогласен од страна на сите 26 земји членки на ЕУ и вклучително Франција која што практично го дава предлогот, рече премиерот.
Го следат, како што рече, развојот на настаните во Собранието на Република Бугарија.
– Доколку таму овој предлог биде усвоен, и кога ќе биде усвоен и кога ќе биде доставен официјално до Република Северна Македонија, тогаш нормално дека тој ќе биде предмет на анализа во детали и споделен со институциите во државата согласно со нашите одредби во законското уредување, посочи Ковачевски.
Во однос на прашањето дали за РСМ, независно дали тоа е во делот на францускиот предлог или не, е прифатливо јазикот да се дефинира по пат на еднострани декларации на Македонија и Бугарија, Ковачевски одговори дека македонскиот јазик мора да биде да биде чист македонски јазик во преговарачката рамка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За владејачката „Демократска Бугарија“, францускиот предлог е исклучително добар за Бугарија
МИА/Фото: Влада