еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски се согласува со амбасадорката на САД дека корупцијата го кочи напредокот на Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Влада, осврнувајќи се на изјавата на американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, дека иако чекориме на патот кон Европската Унија, корупцијата го кочи напредокот на Македонија, рече дека апсолутно се согласува со неа.

–  Вчера имав состанок со неа и со потсекретарот на САД за борба против тероризам и перење пари, на којшто разговаравме во однос на теми поврзани со надлежностите на МФ на САД и посебно на овој потсекретар. Во тој дел ќе следуваат заеднички активности, рече Ковачевски.

Тој, во делот на борбата против корупцијата и владеењето на правото, потсети на поделените надлежности, а тоа е дека Владата треба во рамки на своите надлежности да овозможи независно функцонирање на судството и на Обвинителството во дражвата.

– И ние тоа го правиме. До колку го погледнете и овој буџет ќе видите дека нема никакви намалувања, иако сме во криза, во делот на финансирањето на судството. Тие треба да работат како независен сопствен буџет, како што е согласно со закон.

Во однос на заложбите на Владата, јас асполутно ги поттикнувам сите коишто се соочиле со одредени криминални, коруптивни пракси, веднаш да ги пријават кај сите надлежни институиции коишто се задолжени за тоа и да одлучуваат судските и обвинителските органи нормално во согласност со закон во рамки на своите надлежности, нагласи претседателот на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот, вели американската амбасадорка Агелер

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанскиот народ да стане државотворен во македонскиот Устав: Што пишува во четирите предлог амандмани на Беса на Касами

Редакција

За апсурдните барања на Бугарија се јавија и македонските интелектуалци

Редакција

„Вис обезбедување“ го доби тендерот на Фондот за здравство за обезбедување објекти вреден

Редакција