еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ковид-19 ги „зарази“ винариите кои што котираат на Македонската берза

Намалување на добивката и загуби забалежаа винариите што котираат на Македонската берза во периодот јануари-септември, годинава кога во земјава се разгоре пандемијата од Ковид-19.

ВВ „Тиквеш“ АД Кавадарци во овој период оствари добивка од 36.043.110 денари, што е намалување од 19,23 отсто во однос на истиот период минатата година кога добивката на компанијата изнесувала 44.624.316 денари.

„Сковин“ АД Скопје оствари загуба од 32.853.000 денари, што е продлабочување во однос на истиот период минатата година кога загубата на компанијата изнесувала 25.342.000 денари.

„Попова кула“ АД Демир Капија оствари загуба од 2.565.000 денари во периодот јануар-септември, што е влошување на резултатот во однос на истиот период минатата година кога компанијата имала добивка од 6.797.000 денари.

Фото: Тиквеш/Сковин/Попова кула

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кардиохирургот Јовев демантира дека го нападнал директорот на Клиниката на кардиохирургија

Редакција

Најчевска за барањето на Бугарија да биде дел од процесот за уставните измени: Поголем доказ за територијални претензии кон Македонија нема

Редакција

„Делта спорт“ го доби тендерот на МВР за набавка на спортска опрема вреден 316.000 евра

Редакција