СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја расчисти тешката кражба која на први минатиот месец беше извршена од банкомат, поставен во маркет во Гостивар и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против пет лица: М.А.(32) и Р.Р.(33) од скопско Долно Свиларе, Н.Р.(47)и А.Б.(36) од скопско Арачиново и против 24-годишната М.К од Република Албанија.Н.Р и А.Б. денеска наутро (10 јануари) лишени се од слобода, а Р. Р. издржува притвор за друго кривично дело.
Пријавените се сомничат дека со употреба на сила од банкомат одзеле милион и 800 илјади денари. Приведените со соодветен поднесок денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.