еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Кредит Плус – нов потрошувачки кредит на Еуростандард Банка наменет за здравствени работници

0% камата за првите три месеци, 0% провизија за обработка, 0% за административни трошоци и 0% за предвремена отплата – ова се четирите главни карактеристики на новиот потрошувачки кредит „Кредит +“ на Еуростандард Банка, а кој е наменет за вработените во здравствените институции.

Еуростандард Банка одлучи да го воведе овој нов потрошувачки кредит со исклучително поволни услови во рамките на своето кредитно портфолио со цел да им се заблагодари на сите доктори, медицински сестри, медицински лаборанти, медицински техничари, фармацевти односно на хероите во бели мантили за ризикувањето на своите животи во борбата со коронавирусот и пожртвуваноста во заштитата на колективното здравје.

Износот на „Кредит +“ е до 900.000 денари, во зависност од кредитоспособноста на кредитобарателот, а рокот на отплата е до 10 години, поточно на 120 еднакви месечни ануитети, по избор.

По истекот на промотивниот период од 3 месеци, каматната стапка изнесува 4.9% годишно. Дополнителна предност кај овој кредит преставува тоа што не се потребни жиранти доколку се аплицира за кредит до 600.000 денари.

Овој исклучително поволен кредит, меѓу другото, може да се употреби за рефинансирање на кредити во друга деловна банка, за рефинансирање на кредитни лимити на картички во други деловни банки, за рефинансирање на изложености во ЕСБ, но и за дополнително одобрување на кредитен лимит со секој одобрен кредит, што ќе се користи преку кредитни картички или во форма на дозволено пречекорување на трансакциска сметка.

Постапката за аплицирање за „Кредит +“ е брза и едноставна односно апликантите кои се вработени во ЈЗУ и ПЗУ потребно е да поднесат барање за кредит, административна забрана на плата и фотокопија од документ за лична идентификација.

Повеќе информации поврзани со „Кредит +“, заинтересираните здравствени работници можат да добијат на телефоните за контакт 02/3249-452 и 02/3249-474 или во експозитурите на Еуростандард Банка АД Скопје низ државата, како и низ широката и распространета мрежа на филијали на Македонска Пошта АД Скопје, каде исто така може да се аплицира за било кој кредит што Банката го нуди во своето кредитно портфолио.

Во интерес на здравјето на своите клиенти, Еуростандард Банка АД Скопје нуди можност и за online аплицирање на својата веб-страница, поточно на линкот: eurostandard.mk.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донација од 30.000 евра за санација на последиците од невремето во Словенија

Редакција

(Фото) По 22 дена на Инфективна клиника, потполковникот кој заболе од Ковид-19 во Централноафриканската република си оди дома

Редакција

Одбележан 20-годишниот јубилеј на „Zan Mitrev Clinic“: „И најголемиот бизнисмен и социјалниот случај добиваат иста услуга“

Редакција