Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани во интервју за весникот „Вечер“ вели дека неколку кревети на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот “Рекет“, како и мебел, гардероба и чанти на Бојан Јовановски-Боки 13, првоосомничен во овој случај ќе се продаваат.
“На Катица Јанева и се одземени неколку кревети, а на Бојан Јовановски, мебел, лична гардероба и чанти. Парични средства, вили и станови не им се одземени. Ние сме известени само за овие работи и истите сме ги одзеле, а за другите предмети постапката сè уште трае.
Овие работи им се одземени и се доставени од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а ние како Агенција за управување со одземен имот имаме обврска истите да ги сместиме, чуваме и продаваме“, вели Асани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Телма: Фросина Ременски го сменила телефонот четири дена пред отварањето на „Рекет“
КОД: Во телефонот на Боки 13, фотографија на Јанева со 50 илјади евра