Пепо Леви, претседателот на Еврејската заедница во Македонија, во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, соопшти дека е поднесена кривична пријава за бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој утре треба да се отвори во Охрид.
-Најавивме и поднесување кривична пријава. Потребно е време да се приложат докази, да се подготви пријавата и во тоа успеавме.
Ангажиравме адвокатска куќа и во понеделникот ја упативме кривичната пријава до Јавното обвинителство во Охрид за отворање на здружението под тоа име.
Се надевам дека ЈО ќе реагира доста брзо. Сите знаеме кој е Цар Борис Трети, рече Леви, кој во емисијата покажа и фотографија од цар Борис Трети, како се поздравува со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е царот Борис Трети, по кој е именувам вториот бугарски клуб, кој ќе се отвори во Охрид