СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ф.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
М.Ф. во својство на адвокат, со адвокатска лиценца издадена од Адвокатската комора на Р.С. Македонија, потпишала полномошно со С.П., со кое била ополномоштена да ги застапува нејзините правни интереси пред Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија за остварување и ретроактивна исплата по основ на семејна пензија и исплатa oд 20 %.
„На 25.11.2019 година оштетената добила Решение со кое ѝ се признава правото на семејна пензија и по тој основ ѝ се исплатени парични средства во висина од 680.634 денари. На 02.12.2019 година, М.Ф., во својство на адвокат, со претходно обезбедената оригинална лична карта на име на С.П., ангажирала непознато женско лице кое физички наликувало на клиентката, со кое заедно во банка во Куманово безуспешно се обиделе да извршат трансакција на парични средства.
По ова, М.Ф., повторно со претходно обезбедената оргинална лична карта ангажирала друго женско лице со кое заедно отишле во банка во Карпош во Скопје, каде извршиле трансакција на парични средства од трансакциона сметка на С.П. од една банка на трансакциона сметка на С.П. во друга банка, со цел на дознака уплата за деблокада, при што оставиле Налог за трансакција на парични средства од 640.771 денари од сметка на С.П. на трансакциона сметка на М.Ф., кој автоматски бил прокнижен по деблокирање на сметката.
На 10.12.2019 година, со намера да го прикрие извршеното кривично дело, М.Ф. извршила уплата на парични средства од 247.600 денари на трансакциона сметка на оштетената, со цел на дознака „Плаќање пренос на средства-регресно пензиско и семејна“, при што веднаш го сторнирала налогот од 247.600 денари и повлекла 100.000 денари од претходно уплатените 247.600 денари, со што на сметката на оштетената од извршената уплата останале 147.600 денари“, информираат од МВР.
По спроведена постапка од страна на Истражен судија одреден и е притвор во траење од осум дена.