еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава против татко кој физички го нападнал малолетниот син

Поради постоење основи на сомнение за сторени  казнени дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.С.(52) од охридското село Лескоец.

„Тој, на 17.12.2019 година во семејниот дом, каде, непочитувајќи го решението од Основниот суд Охрид со изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство, физички го нападнал неговиот малолетен син. Притоа, малолетникот се здобил со повреди кои му биле санирани во Општата болница во Охрид“, се вели во соопштението на СВР Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со пиштол се самоуби старец од гостиварско

Редакција

(Фото) Прогнозите се остварија: Снег на Попова Шапка

Редакција

Син го запалил татко му, па го гасел со ќебе огнот

Редакција