Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорот на МРТВ, Марјан Цветковски заради злоупотреба на службената должност со што ѝ нанел штета на државата од над два милиони евра.
Цветковски, информираа на денешната прес-конференција од Финансиска полиција, во 2015 година, кога земал кредит од домашна комерцијална банка, го заложил имотот на МРТВ без согласност од Собранието, кое е негов основач.
– М.Ц. заложил имот со повисока вредност од вредноста на земениот кредит во износ од 154.459.822 денари. Дел од кредитот во износ од 30 милиони денари првопријавениот М.Ц. веднаш го искористил за подмирување на доспеани обврски кон банката давател на кредитот и доверител, по основ на претходен откуп на побарувања од правниот субјект БЕГ-снабдување Центар ДООЕЛ“, рече Даниела Весковска од Финансиската полиција.
Кривична пријава за истиот предмет заработи и нотарот З.П. која го заверила договорот за залог.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МРТ демантира дека имало злоупотреба на процедурата и проневера на средствата од кредитот од 2015