еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за прилепски полицаец осомничен за овозможување незаконски увоз на возила

СВР Битола, Надворешна канцеларија за криминалистички работи при Полициската станица Прилеп до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава за постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ против Р. А. (47) од  Прилеп, вработен во Министерството за внатрешни работи на РСМ, информира МВР.

Пријавениот во 2016 година во својство на службено лице – одговорно лице во водење на управна постапка, распореден на работно место самостоен советник – раководител на Одделението за управни работи Прилеп, со пропуштање на должен надзор, овозможил да им биде евидентиран престој надвор од границите на РСМ  на пет лица државјани на РСМ, спротивно на одредбите определени со “Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште“.

„Врз основа на вака незаконски евидентираниот престој, од страна на вработени службени лица во Отсекот за управни работи – Прилеп, во текот на 2016 година биле изготвени и издадени документи ( потврди – уверенија), со кои документи се потврдува дека лицата престојувале надвор од РСМ повеќе од една година, а кои понатаму овие документи ги употребиле пред надлежни органи како доказ, за да искористат законски поволности при увоз и регистрација на половни возила од странство кои не можат во РСМ да бидат регистрирани во редовна законска постапка“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во скопски Бутел со експлозив се обиделе да ограбат банкомат

Редакција

Овошните насади во Преспа се 100 проценти уништени

Редакција

Детали од МВР: Во експлозијата во Романовце загинале три дечиња

Редакција