СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Тетово и физичко лице за работа во затворениот дел на објектот и покрај забраната за работа на затворените делови од угостителските објекти, соопшти попладнево МВР.
– СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Тетово и М.А.(39) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 17/18.06.2021 полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителскиот објект и констатирале дека работи затворениот дел на објектот и во него биле затекнати 50 гости и покрај забраната за работа на затворените делови од угостителските објекти, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.