Како што во неколку наврати веќе пишуваше „еМагазин“, американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА неодамна објави 12 милиони тајни документи меѓу кои и илјадници кои се однесуваат на Македонија и Југославија.
Во оваа прилика ви пренесуваме како агентите на ЦИА уште во 1956 година го вметнале војниот полигон Криволак во проектот Genetrix.
Станува збор за меморандум на разузнавачката агенција од февруари 1956 година во кој се детерминира начинот на употреба на базата на фотографии на ЦИА.
Во прилог на меморнадумот се дадени и земјите и местата од кои ЦИА располага со фотографии, меѓу кои се наоѓа и воениот полигон Криволак.
Интересно е што, ЦИА уште во тоа време имала строги правила во однос на употребата на фотографиите и наложувала дека пристап до нив ќе има само персоналот кој има диркетна потреба.
Оргиналниот документ на ЦИА ТУКА.
СИТЕ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА ЗА МАКЕДОНИЈА КОИ ЕМАГАЗИН ДО СЕГА ГИ ОБЈАВИ МОЖЕТЕ ДА ГИ НАЈДЕТЕ ОВДЕ.