еМагазин
Image default
Македонија

Крсто Мукоски вели дека не размислувал да се врати во ВМРО-ДПМНЕ

Во ТВ дуелот со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека е можно еден ден исклучените од партијата да се вратат.

Во разговор за Независен весник, членовите на Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, која ја сочунуваат исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека тие не се имуни на изјавата на Мицкоски, бидејќи тие и никогаш не престанале да се чувствуваат како дел од нивната матична партија.

Крсто Мукоски, еден од тројцата пратеници што добија амнестија за упадот во Собранието на 27. април 2017 година, признава дека не очекувал таква изјава од Мицкоски.

„Искрено, не сум размислувал за мое враќање во ВМРО-ДПМНЕ, па затоа не можам да го коментирам ставот на Мицкоски“, вели Мукоски за „Независен весник“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Можно е исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во партијата

Фото: Фејсбук/Мукоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во тек е истражна постапка за гинекологот Асани, за случајот со родилката од Дебар

Редакција

Бошкоски во „Тортура“: Од полицајците кои го апселе слушнал дека ова му е „поздрав од шефот“

Редакција

Темата за Цар Самоил е завршена работа-договорено е негово заедничко чествување, тврдат бугарските историчари

Редакција