еМагазин
Image default
Локално

Кумановчанка направила кариера во УБК со три години образование

СВР Куманово, до ОЈО Куманово, поднесе кривична пријава против три физички лица и две правни лица поради постоење основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела од областите на правниот сообраќај и против злоупотребата на службената должност, согласно КЗ на РМ, информира МВР.

Имено кривично пријавени се С.С. (45) од Куманово, за сторени две кривични дела – “фалсификување на исправа“ и употреба на исправа со невистинита содржина“; В.Ѓ. (57) од Тетово вработена како Референт за вонредни ученици во ССОУ “Моша Пијаде“ Тетово, за сторени две кривични дела – “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “фалсификување исправа”; и М.Ч. (47) од Хрватска, со место на живеење во Скопје вработен како оперативен директор на Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје, за сторени две кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “фалсификување исправа“.

Кривично пријавени се и правните лица ССОУ “Моша Пијаде” со седиште во Тетово и Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје за сторени (по две ) кривични дела -“злоупотреба на службена положба и овластување“ и “фалсификување исправа“.

Имено, пријавената С.С. која од 06.06.2012 година е вработена во Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР со тригодишно средно образование, спротивно на член 46 став 3 точка 3 од Законот за внатрешни работи на РМ, (со што од посочениот датум до денес противправно остварила личен доход во износ од 1.799.114 денари за кој е оштетен буџетот на МВР на РМ), по завршување на III степен на образование во СОУ “Перо Наков“ во Куманово, во учебната 2011/2012 година се запишала како вонреден ученик во ССОУ “Моша Пијаде“ во Тетово.

И тоа во делот за сообраќајна струка – техничар за патен сообраќај за дообразование, при што непочитувајќи ги прописите за плаќање и пријавување на испити, за целиот овој период на дообразование уплатила вкупно 7.400 денари од предвидените 27.200 денари.

Ваквиот начин на дошколување и овозможил на С.С. да се стекне со невалидна диплома за завршено четиригодишно средно образование за завршен Техничар за безбедносен сообраќај. И таа диплома ја употребила во неколку наврати приложувајќи ја во МВР на РМ, на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје и при движење во кариерата.

Второпријавената В.Ѓ. вработена во ССОУ “Моша Пијаде” во Тетово на работно место Референт за вонредни ученици во периодот 2011-2013 година, константно ја злоупотребувала службената положба и овластување со неизвршување на својата службена должност при што ги дозволила горенаведените дејанија и постапила спротивно на член 21 од Правилникот за начинот на следење, проверување и оценување, полагање на испити и напредување на учениците во средните училишта.

С.С. без завршено четиригодишно средно образование аплицирала, и на 18.07.2013 година без поднесена документација, се запишала како вонреден студент во приватна високообразовна установа Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје – Економски факултет Скопје, при што за целото студирање истата од вкупно 397.500 денари уплатила 15.000 денари за сите студиски години.

Четвртопријавениот, МЧ. вработен при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на работно место оперативен директор во Одделот за оперативни работи, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што и овозможил на С.С. на нелегален начин да се стекне со високо образование, при што го оштетил Универзитетот, а воедно и Буџетот на РМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охриѓанец фрлил ќеса со кокаин пред очите на полицијата

Редакција

Мигранти пријавиле силување на жена и грабеж во село Лојане

Редакција

Маж од Свети Николе плаќал во маркет со фалсификувани банкноти

Редакција